Денеска топло и сончево, но за викенд драстична промена

ИЗВОРСкопје24
|

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 20, а дневната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Во наредниот период ќе се задржи топло време. Од сабота во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Славчо Попоски: ЕКСТРЕМНО ВРЕМЕ ВО ЕВРОПА, ТОПЛИОТ бран доаѓа кон Македонија

Речиси целиот Европски Континент овие денови се соочува со ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран, обено топло е во југозападна и западна Европа како и во делови од северозападниот дел од истиот континент, до крајот на денов Париз би можел да го собори досегашниот температурите рекорд каде се очекува температурата да се искачи до 42 степени, највисоката температура која е измерена токму во Париз изнесува 40 степени. Топлотниот бранисто така веќе започна да прави проблеми и околу пожарите низ Европа.

Сепак топлитниот бран нема да ја заобиколи и нашата држава иако истиот ќе биде со помал интензитет. За време на овој викенд во Македонија температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, во попладневните часови не се исклучува можноста за изолиран развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер како и со услови за појава на град.

УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува 10 па токму поради ова граѓаните да се заштитуваат и да пијат што повеќе течности, секако да се избегнува и мрсната храна, односно да се јаде што повеќе зеленчук и овошје.