Според последно направените анализи околу временската состојба за месец Август за Македонија но и регионот укажуваат дека поголем дел од Грција, источната половина на нашата држава како и поголем дел од Бугарија но и во југоисточна Србија температурите на воздухот се очекува да бидат нешто под просекот, односно истите треба да бидат пониски а разлика од изминатите денови.
Во останатите места од Македонија температурите на воздухот би требало да се задржат околу просекот, односно истите треба да бидат типични за тој месец од годината. Барем засега многу се мали условите температурите на воздухот во текот на месец Август да се искачат над 40 степени, информира Славчо Попоски.
Што се однесува до врнежите истите има услови да бидат малку под просекот но сепак да биде нормално количеството на воден талог за тој дел од годината. И покрај оваа ситуација сепак граѓаните можат слободно да си планираат каде ќе си заминат на одмор понатаму и да уживаат во летото.
Инаку, времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 20, а дневната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.
Во наредниот период ќе се задржи топло време. Од сабота во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.