Марија Шерифовиќ се „фрли“ на реновирање – За станот искешира 200.000 евра, па даде 30.000 за тапети

ИЗВОРСкопје24
|

Марија Шерифовиќ ужива во својот стан на Нови Београд за кој издвои 200.00 евра, а сега одлучи да вложи дополнителни 30.000 евра за да го реновира. Пејачката акцентот го ставила на промена на мебелот, дознава српски Курир.

„Откако заврши во „Ѕвездите на Гранд“, Марија се посвети на средување на станот. Таа сакаше да го промени мебелот, а се одлучи за модерен дизајн. Не станува збор за евтин мебел, а истиот го надополни и со скапи тапети, а сето ова ја чинеше околу 30.000 евра“, открил извор за Курир.

Инаку, Марија е една од најплатените естрадни ѕвезди во регионот, а во нејзиното соседство живее Никола Роквиќ, но и мајка и Верица.

Пејачката постојано ужива во своите работни обврски, и иако ужива да зборува за работата, кога е во прашање нејзиниот приватен живот вешто ги избегнува прашањата поврзани со истиот.

Меѓутоа, овојпат, во емисијата „Премијера“ таа откри кога планира да стане мајка и каков родител ќе биде.

Кога ќе дојде време за тоа, сосема е сигурно дека јас прва ќе знам. Тоа е нешто кое што ќе го чувам само за себе.

Нема да го затворам тоа дете во куќа во Лос Анџелес, туку ќе се занимавам со него на адекватен начин, не би сакала да го чуваат баби и дедовци како што ме чуваа мене, рекла Марија.