Овој човек секогаш бил хуман, а сега истиот има потреба од нашата хуманост! Игор Петрески кој со своето семејство живее во Кичево боледува од „Мултиплекс Склероза“, болест на нервниот систем која за жал прогресира и во моментов Игор е во инвалидска количка.
За таа цел потребно е да се изврши интервенција со матични клетки во соседна Србија, Белград потточно во „IM CLINIC“ каде за тој медицински зафат се потребни 18.600€. Третманот со матични клетки Фондот за Здравство не го покрива бидејќи станува збор за алтернативно лекување.
Да му помогнеме на Игор кој е сопруг на жена-херој Марија и татко на 3 малолетни златни дечиња, исто така беше и службено лице во редовите на МВР. Да му помогнеме за конечно да застане на нозе и повторно да му се насмевне на животот! 🙏
Од денес се активни и донации преку: ☎️ Т-Mobile: 143106 ☎️ VIP: 143600 Со секој ваш повик, донирате 100 денари.
Или директно на денарска сметка: 250-0320004052 – 59 – Шпаркасе Банка, име и Презиме: Игор Петрески
Да бидеме хумани, да помогнеме, сме покажале и да покажеме повторно дека сплотено и здружено можеме како и секогаш да помагаме кога е најбитно!