Преку анкета граѓаните ќе можат да предложат нови имиња за улиците, булеварите, мостовите и плоштадите

ИЗВОРСкопје24
|

Преку анкета граѓаните ќе можат да предложат нови имиња за улиците, булеварите, мостовите и плоштадите, рече градоначалникот Петре Шилегов на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, пишува СДК.

Шилегов кажа дека Скопје по земјотресот е изграден благодарение на светската хуманост и солидарност, но за жал претходната власт многу од тие спомени избришала. Затоа тој ќе побара од граѓаните да предложат имиња за објекти и улици, со кои ќе се сеќаваме на денот кога Скопје повторно беше изграден.

„Лани на овој ден ги вративме буквите од Тито на старата железничка станица. Пред неколку месеци катните гаражи под надлежност на Градот добија ниви имиња ’26 јули‘ и ’Беко‘. Сега тоа ќе го направиме и на други објекти, улици и плоштади“ рече Шилегов.

56-годишнината од земјотресот синоќа се одбележа со концерти на Влатко Стефановски, Биља Крстиќ, Танос Ставридис и „Биг бенд“.