Ова е сладок десерт кој се подготвува многу брзо. Можете да ги изненадите гостите или пак да уживате во кругот на семејството.
Состојки:
6 жолчки
250 гр. шеќер
250 гр. јагоди
750 мл. слатка павлака
250 гр. бело чоколадо
Начин на подготовка:
Измешајте ги жолчките и шеќерот, а кога смесата ќе стане пенеста, ставете ја на пареа. Постојано мешајте додека не добиете кремаста структура. Тргнете ја од пареа и чекајте додека не се олади.
Измиените и исечени јагоди изгмечете ги со вилушка. Измиксајте ја слатката павлака и додајте ја смесата од жолчки. Додајте ги и изгмечените јагоди, па се добро промешајте.
Смесата ставете ја во калап за торта и оставете да отстои во замрзнувач преку ноќ. Утредента стопете ја белата чоколада на пареа, малку изладете ја и прелијте ја преку тортата. Потоа оставете ја тортата уште 5 минути во замрзнувач.
Извадете ја од калапот и украсете ја по желба, со јагоди, рендано чоколадо, бадеми.