Британката Карла Луис Еванс успеала да ги излаже хуманите луѓе со приказна преку социјалните мрежи дека има р*к за да собере 15.000 фунти.
29-годишната Британка од Манчестер се досетила како да дојде до пари за венчавка за која од секогаш сонувала.
За да изгледа дијагнозата поуверлива, таа го фалсификувала потписот на докторот Адам Картер на документот со кој наводно се потврдува дека е во краен стадиум на тешка форма на р*к.
Сепак, хуманитарната организација преку која одела акцијата за собирање пари, ја открила измамата и ја пријавиле Карла во полиција.
Инаку Британката има две деца, а сега и се заканува затворска казна од шест месеци до три години.