Убавата водителка на „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет, одмора покрај море, а иако навикнавме да ја гледаме во совршени тоалети кои ги истакнуваат нејзините атрибути на заводлив и женствен начин, ова морско издание едноставно е и повеќе од совршено.
Згодната Сања ужива на плажа во бикини кое на неа изгледа како на кукла од излог.
Природната убавина на морето плажата и палмите одат во втор план, бидејќи Сања едноставно ги фрла во сенка.
Сања моментално е во Грција каде ги полни батериите за новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ која стартува од септември.
Инаку, Сања по секое издание на популарното музичко шоу практикуваше да објавува фотографии од својот изглед, па профилот на Инсаграм и е преполн со вакви моменти за кои собира лавина од комплименти.