Саудиски принц планира да создаде вештачки град со суперлуѓе со модифицирани гени

ИЗВОРСкопје24
|

Почнувајќи од 2017 година саудискиот принц Мохамед бин Салман работи со тимови консултанти за реализацијата на неговата визија за град вреден 500 милијарди долари во моментално пустинскиот северозападен дел од Саудиска Арабија. Но, тој дел нема да биде пустински уште многу долго затоа што принцот планира да користи вештачки облаци за да го направи земјиштето на новиот град наречен Неом плодно, за да го разлади градот и да овозможи производство на свежи продукти.

Градот-држава кој веќе се гради ќе има роботи-слугинки, летачки такси, песок кој свети ноќе, а вештачка месечина ќе го осветлува небото секоја вечер. Ќе има и посебен остров направен во стилот на паркот Јура каде што посетителите ќе можат да се дружат со роботи-диносауруси.

Според податоците на Wall Street Journal, планирано е градот да има клиники за менување на гените на луѓето и 24-часовен надзор од владата. Идните жители на овој град кои нема да сакаат да одат на пазар и сами да готват, ќе можат да си резервираат места во ресторан одликуван со Мишелин ѕвезди. Принцот планира да изгради многу повеќе такви ресторани по глава на жител отколку што има каде било во светот.

Меѓу другите работи кои ќе ги има во Неом се училишта каде што наставниците ќе бидат холограми и најдобро платените работни места во светот. Како што велат организаторите и изведувачите на проектот, целта е во Неом да има врвна револуционерна технологија, која можеби во моментот не е ни целосно развиена. Но, сакаат и во секој момент да имаат очи на сите страни и компјутери да известуваат за сторени криминални дела без да мора да се повикува полиција затоа што сите жители на градот ќе бидат нонстоп следени.

Тоа значи дека додека се сончаат на плажа, додека сонуваат за некој свој план дрон со вградена технологија за препознавање лице ќе известува за вашата локација и вашите активности. Во градот нема да може да се види локално население или членови на племиња зароа што сите ќе бидат раселени, но ќе има мноштво генетски модифицирани луѓе затоа што ќе бидат изградени клиники кои ќе имаат за цел луѓето да ги направат посилни, попаметни и поиздржливи. Изгледа саудискиот принц не само што сака да создаде град од иднината, туку и луѓе од иднината.