СО ЛАМБОРЏИНИТО СЛЕТА ВО БАЗЕН: На Сораја и се лизнала штиклата од кочницата, па заврши во базен (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Српската манекенка и стaрлeта Сораја Вучелиќ доживеала нeзгода со скапото ламборгини. Автомобилот бил паркиран покрај базен, па старлетата не можела да запре и ламборгинито завршило на дното на базенот.

„Кога ќе ти се лизне штиклата од кочницата, па лимбо завршува во базен“, напиша Сораја на Инстаграм по нeзгодата што се случила во Кан.

Во коментарите дел од фановите ја фалат за прибраноста и ладнокpвноста, а има и такви кои ја кpитикуваат атрактивната старлета. Видеото погледнете го ТУКА.

Старлетата Сораја, која неодамна наводно се вери со богат Русин на својот Инстаграм профил пред извесно време реши и да го покаже својот вереник.

Имено таа објави фотографија на која тие се држат за рака со емотинка која праќа бакнежи, а сите ја забележаа необичната тетоважа на неговата рака.

Српските медиуми пренесоа дека Сораја тајно се верила во Москва, откако Русинот ја побарал за жена во луксузен ресторан, а на раката и ставил прстен со дијаманти вреден 150.000 евра.

Српските медиуми пред некое време објавува дека познатата старлета, добила понуда за брак и дека ќе се омажи за богат Русин по име Владимир. Како што пренесува „Информер“, станува збор за син на руски тајкун, но Сораја не сака да изнесува во јавноста детали за својот вереник.

Не сакам да го коментирам својот приватен живот. Се надевам дека никогаш нема да дознаете кој ми е момче. Вистината е дека се заљубив во најубавиот дечко на светот. Освен убавината, поседува и други квалитети на кои што дефинитивно паднав. Не паметам кога сум била посреќна, изјавила старлетата за „Информер ХИТ“.

Како што пишува магазинот, врската на Сораја и на Владимир започнала околу три месеци пред веридбата, а Русинот на нејзината рака ставил прстен вреден околу 150 илјади евра.

Пред извесно време Сораја се појави и во британскиот весник The Sun поврзувајќи ја со фудбалерот Нејмар.