Доколку оваа година планирате да летувате на Тасос тогаш мора да ја посетите оваа плажа. Мермерната плажа која ја нарекуваат Салиара или Марбле е малку подалеку на грчкиот остров Тасос, но секако е вредно да ја посетите.
До неа води широк, прашлив пат по кој има мермер.
Тоа што оваа плажа ја издвојува од останатите на Тасос е тоа што ја красат бели камчиња кои секогаш се ладни па затоа одењето по неа и тоа како е пријатно и во текот на високите температури.
Сигурно засекогаш ќе ви остане во сеќавање бојата на водата на оваа плажа. Подлогата е бела, а водата е нежно сина. Таа е мермерна плажа затоа многумина ја нарекуваат “грчки Кариби“.
Тоа што евентуално може да го наруши доживувањето на оваа плажа, која не е многу голема се гужвите кои се чести во текот на летната сезона. Многу туристи исто така се жалеле на високите цени за изнајмување лежалки и чадори за сонце.
Минатата сезона за две лежалки и чадори цената на Мермерната плажа биле 15 евра.
До пред неколку години постоело само едно кафуле на плажата, а туристите кои неодамна биле рекле дека сега има многу кафулиња кои дополнително создаваат гужва и ја нарушуваат природната убавина на ова место.
Во непосредна близина на Мермерната плажа има уште две преубави плажи на Тасос, Vathy и Porto Vathy.
По посетата на овие плажи бидете подготвени дека ќе мора да го измиете вашиот автомобил поради прашината на неуредниот пат, но посетата на ова место и тоа како се исплаќа.