Славчо Попоски: КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, СИЛВИО носи СТРАШНО НЕВРЕМЕ на Балканот, се очекуваат МНОГУ ГРОМОВИ

ИЗВОРСкопје24
|

Во следните 24 часа над Балканот и регионот поточно над Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија како и на север, североисток и запад од Македонија ќе се случи судир на две воздушни маси (многу посвежата од север и многу топлата од југ).

Токму поради ова се очекуваат во голем дел од овие споменати држави СИЛНИ АТМОСФЕРСКИ ПРОЦЕСИ кој ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, локално и ИЗРАЗЕНО, истото ќе биде проследено со интензивен пороен дожд кој има опасност да услови и локални поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења како и појава на град кој би можел да биде и од поголема величина (покрупен).

Како што кажавме погоре кај нас и тоа особено на север, североисток и на запад се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално не се исклучува можноста за појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и услови за појава на град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Издаваме СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ до голем дел од регионот во случај на појава на НЕВРЕМЕ граѓаните да бидат крајно претпазливи, исто така и кај нас во случај на појава на електрични празнења, односно на појава на НЕВРЕМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Исто така кај нас во следните часови ќе започне на повеќе места да дува засилен ветер и тоа од југозападен правец на југозапад и на запад а од јужен правец во останатите предели од државава. истиот повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ