Оперскиот пејач Влатко Груевски ќе ја интонира химната за празникот „Илинден“ во Крушево

ИЗВОРСкопје24
|

Оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски оваа година ќе ја има честа на манифестацијата “Десет Дена Крушевска Република” да ја интонира државната химна на свеченото отварање на 1-ви август во Крушево на “Гумење”, како и на централната прослава на празникот “Илинден” на 2-ри август на “Мечкин Камен”.

Неуморниот оперски пејач ќе одржи и свој солистички концерт, како дел од концертната сезона “The Art of Power”, насловен “Во чест на Тоше Проески”, концерт кој ќе се одржи на 5-ти август на летната сцена на музејот на НОБ во Крушево, во склоп на НКС “Десет Дена Крушевска Република”, со почеток во 20 часот. Сите настани се во пијано придружба на диригентот и пијанист Андреј Наунов.