Хрватската пејачка Северина Којиќ не се откажува од намерата да стане мајка по вторпат и на сопругот Игор да му роди дете.
Покрај тоа што има 47 години, Северина не ја губи надеж дека на синот Александар ќе му роди брат или сестра.
На прашањето дека се зборува дека ќе стане мајка по вторпат, Севе вели: „Би сакала, работиме на тоа“ вели пејачката.
На прашањето колку ја погодуваат написите за нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ, Северина вели:
„Не читам и не коментирам. Ништо не ме нервира, а бившиот не ме интеренсира“ вели Којиќ.
За потсетување, неодамна пред домот на поранешниот сопруг на Северина беше пронајден чуден предмет, а наводно го оставил Игор Којиќ.
Како што пренесува „Блиц“, Игор бил сослушан во суд каде што признал дека пред домот оставил црна свеќа.
Имено, пред домот на Милан Поповиќ во Загреб, кон крајот на мај застанал автомобил со марка ауди, кој е во сопственост на Северина Којиќ, а од кој од совозачкото место излегол сопругот на Северина, Игор кој оставил кутија пред вратата.
Тој предмет наликува на свеќа, а на камерите се гледа дека станува збор за Игор Којиќ.
Наводно, на сослушувањето во полиција тој го потврдил тоа и понатаму не е познато дали со автомобилот управувала Северина или некој друг.
И некогашниот менаџер на Северина, исто така зборуваше за хрватските медиуми за местериозен предмет.
„Со оглед на тоа дека се води истрага, за деталите не сакам да зборувам. Само можам да кажам дека Северина многу добро ја познавам и сум сигурно дека нема никаква врска со овој случај“ вели менаџерот за хрватските медиуми.