Боки 13 пренесен во болница

|

Бојан Јовановски, кој е во притвор за случајот „Рекет“, утринава е пренесен на скопските клиники.

Според затворската управа тој е пренесен во болница на испитувања кои биле потребни по претходно закажан оперативен зафат.

Јовановски и Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец се осомничени се за рекет од 1,5 милиони евра со ветување дека ќе влијаат на истрага, преку влијание на јавен обвинител.

Двајцата се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а Јовановски е осомничен и за кривичното дело перење пари.

Скромно дете приврзано за бабите: Документарецот за Боки 13 што самиот си го нарача

Го правам тоа затоа што можам. Можам затоа што сакам. А, сакам затоа што вие рековте дека не можам! Со оваа изјава почнува документарниот филм за Бојан Јовановски кој на „јутјуб“ е објавен пред три години.

Под објавата стои и краток текст во кој Боки 13 се претставува како гласноговорник во борбата за човекови права, голем противник на дискриминацијата во секој поглед, храбар критикувач на политичко-општествените случувања и скромен хуманист.

Во еден дел од документарецот што „првиот човек на меѓународната асоцијација за човекова и социјална заштита“ сам си го нарача и го сними, се вртат стари семејни фотографии на кои Јовановски е прикажан како скромно и сосема нормално дете кое било исклучително приврзано за бабите. Во продолжение погледнете дел од нив.

Инаку, Боки 13 претходната недела беше уапсен при обид да ја напушти државата на граничниот премин „Богородица“, а ноќта му беше одредена мерка притвор од 30 дена. Тој е осомничен дека изнудил 1,5 милиони евра од лице под истрага, тргувајќи со влијание врз јавен обвинител, а осомничен е и за перење пари, затоа што изнудените пари ги трошел како легално стекнати на облека и одмори.