Дејвид Бекам заедно со целото семејство е фотографиран во Мајами за време на разгледување на стан во луксузна зграда, каде уште еднаш погледнал како изгледа апартманот од 24 милиони долари кој ќе го купи. Имено, според наводите на странски извори, дејвид и семејството сакаат да го купат апартманот кој се наоѓа во зграда со 62 спрата. „One Thousand Museum“ е една од најубавите згради во Мајами, преку патот е Парк музејот, а во својот склоп, освен огромните станови кои имаат поглед на Атланскиот океан, има и сопствена теретана, базен, џакузи, трезор, велнес центар, спа, ресторан и кафулиња.