„Од љубовта кон Вардар не може да се живее – на одмор не пуштија без пари“

ИЗВОРСкопје24
|

Изминатата седмициа, кондициониот тренер, како и тренерот на Фуксе Берлин го критикуваа Дејан Милосављев поради прекумерната тежина. Оваа вест ја пренесоа и македонските медиуми со оглед на тоа што Србинот беше член на Вардар до ова лето.

Но очигледно, тоа што македонските медиуми ја пренесоа веста не и се допадна на идната сопруга на Милосављев, Марина Михајловиќ. Очигледно испровоцирана, таа во поопширно обраќање на „Фејсбук“ откри нешто повеќе.

„Дејан од Вардар замина бидејќи клубот прогласи банкрот. Имаше денови и месеци кога немавме од што да живееме со оглед на големото доцнење на платите. Додека управата на Вардар се „лулаше“ на на јахтата на газдата на хрватското, не пратија на одмор од само еден месец без пари. Морам да кажам дека дека играчите не видоа ништо од премиите и чековите кои државата му ги даде на Вардар. Волонтерски и од љубов не може да се живее и да се плаќат сметките“, напиша Марина.