Фекалии пливаат пред хотел во Црна Гора и се слеваат кон плажата – никој од гостите не смее да излегува надвор

ИЗВОРСкопје24
|

Токму управата од хотелот веднаш ја контактирала Општина Будва, а градоначалникот Марко Царевиќ испратил утринава екипи од Водовод и Комунална хигиена. Бил ангажиран и багер.

Иако службениците на германската компанија која управува со пумпите, навеле дека се е во ред, техничкиот директор на Иберостар Белви, Петко Ѓого рекол дека дури кога се отвориле пумпите се видело дека дошло до запушување.

Управата од хотелот рекла дека гостите кои ги има над илјада ги држи практично затворени и не дозволува да одат кон плажата, бидејќи се шири неподнослив мирис.