Ден кога сите добиваат според заслугата: На Огнена Марија не го правете ова

ИЗВОРСкопје24
|

Православните верници денес, 30 јули, го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Ако на денот на Огнена Марија, светкаат молњи и се слушаат грмотевици, тоа се смета за лош знак и голема казна. Се смета дека оваа светителка добро знае кој е грешен, па тој ден сите добиваат сите по заслуга.

Жените посебно го празнуваат денот на Огнена Марија, па на овој ден домашните работи се сведени на минимун. Задолжително е одењето во црква и молитва пред иконата на Свети великомаченичка Марина.

Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи.

Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.