Дека браќата од популарното музичко дуо „Некст тајм“, Мартин и Стефан, се големи љубители на животните. Тие освен својата миленичка, мачката Мики, од пред извесен период во домот чуваат уште две кучиња, од кои црната крзнена убавица која го носи името Блеки, е најверната другарка на Мартин.
И додека повеќето од оние кои се одлучуваат да чуваат куче, купуваат некоја скапа раса, во случајот на Мартин, односно приказната за Блеки е сосема поинаква.
Тој на својот Инстаграм профил редовно објавува нови фотографии со својата миленичка која ја има најдено како бездомна, повредена и беспомошна. Поради неговиот гест да ја спаси и вдоми , денес таа е среќно куче кое има сопственик за пример.
Дека Блеки му влезе под кожа е доказ и неговата од неодамна изработена тетоважа на левата рака, каде во фокусот е токму таа.
– И така Блеки ми влезе под кожа благодарение на најдобриот тату артист Горан Мичиќ, пишува Мартин во описот на фотографијата од моментот кога тетоважата беше целосна.
Не за џабе велат дека кучето е најдобриот пријател на човекот, а приказната на Мартин за Блеки нека биде мотивација и поттик доколку ги сакате животните, да вдомите улично и беспомошно животинче.
Вистина.мк