Бившиот на Гоца Тржан третпат ќе стане татко, а ни за претходните две деца не води грижа

ИЗВОРСкопје24
|

Иван Маринковиќ не се појави на роденденската прослава на првиот роденден на својот син Жељко, кој го доби во врската во реалното шоу „Парови“ со контроверзната учесничка Милјана Кулиќ. Тој ја шокира јавноста со изјавата дека ниту Милјана ниту Жељко го интересираат.

„Не му го честитав роденденот на Жељко, но, еве, нека му е со среќа! Немам контакт со Милјана, не ме интересираат таа и тој. Не знам дали мојот однос со Жељко ќе се подобри до неговиот втор роденден, тоа не зависи од мене“, вели Иван за „Свет“.

Иван води битка на суд поради неплаќање на алиментацијата за својата ќерка Лена, која ја доби во бракот со поп-пејачката Гоца Тржан. Тој неколку пати досега истакна дека го интересира неговата сегашна девојка, Јелена Илиќ, за која тврди дека е фатална по него, и со која го чека третото дете.