Охридските таксисти со години се лоша слика за градот: Поради екот на сезоната стартна цена наместо 50 им била 100 денари

ИЗВОРСкопје24
|

Охридските таксисти останаа лоша слика за туристички Охрид. За нивното несоодветно однесување до Охриднет стигнаа поплаки од охриѓани, но и од туристи. Охриѓани раскажуваат дека таксисти од постоечките такси компании, самоволно ја покачиле цената на превоз. Стартна цена, наместо 50 деновиве поради екот на сезоната им била 100 денари.

Срамно за градот. Со години јавно се изложува овој проблем, а никој не презема ништо. До кога инспекциите ќе спијат. Таксистите вадат цени од ракав, не возат кратки релации, сакаат само странци….“, велат револтирани граѓаните за Охриднет.

Туристите пак се жалат дека таксистите им вадат цени од ракав. Наплатуваат во евра, но двојно или тројно повеќе од реалните цени.

Баравме превоз до населба Свети Стефан. Ги запрашавме дали возат по таксиметар, ни одговорија не цената е 15 евра. Тоа е ноќна цена по двојно поскапа тарифа. Запрашавме уште тројца таксисти кај поштата сите го кажаа истото, немавме избор се качивме и отидовме во хотел, раскажуваат разочарано странски туристи.

Со чест на ретките исклучоци, поплаките се однесуваат на несовесните такси возачи, кои со години ја прават таа лоша слика за Охрид.