Познати жени кои се уништија со операции: Беа преубави сѐ додека не се потпреа на естретски промени

ИЗВОРСкопје24
|

Младоликиот изглед е нешто кое никогаш нема да излезе од мода во Холивуд

Некогаш жените одеа под нож само за да ги испеглаат брчките, пополнат образите или усните, но тоа беа скапи и ретки операции.

Денеска естетските операции станаа многу поедноставни, па со нивните услуги почнаа да се служат многу голем број жени од јавниот живот. И кога не признаваат дека биле под нож, видливи се разликите во нивниот изглед.

Овие дами баш претераа, а беа многу поубави пред да се одлучат да ја поправаат природата.

Кортни Кокс

Моника Гелер од култната серија „Пријатели“ важеше за фатална црнка и една од најубавите актерки.

По операциите наместо подмладен, доби сосема извештачен и леден изглед.

Мег Рајан

Во 90-тите години таа беше на врвот на нејзината слава и беше една од најпосакуваните жени во светот, но од некогашната преубава блондинка, операциите направија чудна жена.

Никол Кидман

Актерката уште од младите денови вашете за една од најубавите дами во Холивуд, но и таа со текот на годините потклекна под трендот на естетско разубавување, па денеска многумина би рекле дека таа изгледа како пластична кукла, со премногу затегната кожа.

Донатела Версаче

Меѓу најдобрите примери како може да се уништите со пластични операции е сестрата на познатиот Џани Версаче.