Швајцарскиот тенисер Роџер федерер пред неколку месеци ја продаде куќата во Волерау и купи 1,6 хектари земја во Раперсвил – Џони, близу езеро во Цирих.
Цел проект ќе го чини Федерер 50 милиони евра! Се поздразбира дека покрај останатите содржини, пред куќата ќе има и тениски терен.
Секако, во меѓувреме, додека вилата од бајките не биде завршена, семејството Федерер живее во викендицата која ја поседува во Швајцарија.
Имотот е вреден околу 45 милиони евра, исто така во близина на Цирих.
Роџер веќе ја продал “стаклената вила“ во градот Волро, која исто така е на крајбрежјето на Циришкото езеро со феноменален поглед, а нема сомнеж дека и новата вила на Федерер ќе изгледа многу убаво.
Купувањето на недвижнината официјално е објавено, а се верува дека Федерер за плацот од 18.000 метри квадратни платил дури 45 милиони евра.
Федерер таму планира да изгради вистинска империја, голема вила со разни комплекси, зграда и свој тениски терен. Сепак ќе биде потребно време додека сето тоа се заврши, затоа што прво треба да се направат инфраструктурни планови за кои потребно е два до три месеци.
„Горди сме што таква ѕвезда каква што е Федерер доаѓа во нашиот град. Секогаш сме среќни за секој нов што ќе дојде“ – изјавил градоначалникот на овој град, Јонас Мартин Стоклинг.