Земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтер бил регистриран во близина на градот Ираклио на грчкиот остров Крит без, засега, да има информации за повредени или предизвикана материјална штета.
Земјотресот се случил во 7.40 часот утрово по локално време, бил почувствуван на целиот остров, а епицентарот бил на копно, северозападно од градот Ираклио.
Според грчкиот Геодинамички институт, земјотресот бил со јачина од 5.2 степени според Рихтер, а според Националната опсерваторија во Атина, 5.1 степен.
Исто така вчера попладне земјотрес со интензитет од 4,2 степени го погоди грчкиот остров Закинтос во Јонското Море. Во потресот нема повредени луѓе, ниту е пријавена материјална штета, јавија грчките медиуми.
Епицентарот на потресот бил 63 километри од градот Закинтос, на длабочина од пет километри.