Која е жената на чија сметка легнале 750 000 евра за Боки 13?

ИЗВОРТелма
|

Просториите сопственост на ИЗИС се дом на невладината на Боки 13.

Се наоѓаат на Тодор Александров 165 но снимање во близина не е овозможено поради стратешките објекти во околината.

Денеска во просториите на меѓународниот сојуз никој немаше а и телефонот е времено исклучен. А токму една повозрасна госпоѓа од здружението е жената за која Телма веќе објави дека на сметката и легнале околу 750 илјади евра, пари кои се истражуваат дали се рекет изнуден од Бојан Јовановски.

Во колумната која новинарот Бранко Геровски ја објави синоќа ја именува како извесна Лилјана Тодоровска.

Такво име беше прочитано и на оснивачкото собрание на невладината како еден од делегатите на изборното собрание.

Ако се изгугла името на Лилјана Тодоровска пак има повеќе информации поврзани со неа. Таа не е член само на Меѓународниот сојуз туку е и претседател на едно од Здруженијата на пензионери во земјава.

Телма се обиде да контактира со неа, но безуспешно. А токму трансакцијата на нејзината сметка била сомнителна не само поради висината на префрлената сума туку и поради учесниците, позната градежна фирма чиј сопственик е од Битола.

Во колумната на Геровски овој бизнисмен е посочено дека е Силјан Мицевски. Наводно требало да се гради проект за старечки домови а идејата била на Тодоровска. Била пласирана на отворениот ден за идеи на претходната власт а кај премиерот Зоран Заев лично на една од двете средби ја презентирал Боки 13-ка.

Инаку член на меѓународниот сојуз е и таткото на градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. Богоев беше и на распит во обвинителството, а сомнежите беа дека една од општините која требало да соработува со Меѓународниот сојуз е токму неговата.

Во сојузот пак почесен претседател е пратеничката Фросина Ременски. Денеска таа беше на настанот за безбедност во Карпош, но ги избегна камерите за изјава. Во невладината со денови никој не се појавува тврдат луѓето од околината, а таа пак користи простории кои изис ги издава на приватна фирма. За сега нема информации дали и Меѓународниот сојуз ќе падне под истрагата Рекет.

Билјана Николовска