Никогаш доста од хороскоп: Овие мажи ќе ви го скршат срцето

ИЗВОРСкопје24
|

Мажите родени во овој хороскопски знак често се заљубуваат побрзо од било кој друг, но, за жал, еднакво брзо го губат и интересот.

Станува збор за Овните.

Кога ќе видат девојка која им се допаѓа, Овните ќе направат сè за да ја освојат и да ја придобијат, па токму поради трудот тоа секогаш им успева.

Додека се запознаваат, тие се трудат да ви покажат дека сите овие години ним сте ги чекале. Сепак, секој нивни потег и збор треба да го земате со резерва, бидејќи тие воглавно произлегуваат од нивните желби за авантура и нешто ново и непознато.

Дури и ако се случи Овенот навистина да се заљуби во вас, ниту тогаш не би требало во целост да се опуштите, бидејќи нивниот бесен и нескротлив дух е склон на сè, па и за бездушно кршење на вашето срце.