Го полните ли и вие мобилниот телефон во текот на ноќта- oткако ќе дознаете колкава штета му направи на овој сопственик ќе се запрашате

ИЗВОРСкопје24
|

Прегревањето на батерија која цела ноќ била на полнач предизвикала пожар во еден стан во центарот на Задар.

Пожарникарската екипа во Задар примиле дојава за пожар на полуостровот во стан на третиот кат од една зграда, објавуваат хрватските медиуми.

На местото на случувањето веднаш пристигнале пожарникарите и полицијата, а тие утврдиле дека пожарот избил во стан на 54 годишен сопственик.

Надлежните после истрагата утврдиле дека пожарот избил поради загревање на батеријата на телефонот кој бил приклучен на полнач во дневната соба, а потоа пожарот се проширил низ целата соба.

Материјалната штета допрва ќе се утврдува, а надлежните упатуваат апел мобилните телефони да не се полнат навечер додека сопствениците спијат.