FaceApp стана вирално популарна апликација бидејќи им овозможува на корисниците да видат како ќе изгледаат во староста. Но, ако сакате да ја користите оваа забавна програма, мора да дозволите пристап до вашите лични податоци за кои таа има право на користење.
-Ако ја избришете програмата, тоа едноставно значи дека не можете да ја користите, а не и дека сте ги заштитиле своите приватни податоци, изјави за Си-ен-ен, Џен Кинг, директорка на Центарот за приватност на корисниците на правниот факултет на универзитетот Стенфорд.Таа додаде дека компанијата не знае дека сте ја избришале апликацијата и со самото тоа не е предупредена дека треба да ги избрише вашите податоци.
Некои компании, меѓу кои е и FaceApp, им дозволува на корисниците да достават барање за бришење на нивните информации од базата на податоци. Но, останува нејасно колку е потребно за техничката служба да го регистрира вашето барање.
На пример, Фејсбук наведува дека се потребни деведесет дена системот да регистрира бришење и да престане да ги користи вашите информации. Тој всушност не го поседува вашиот материјал (слики, снимки, итн.), но има право неограничено да ги користи.
Надлежните органи пропишуваат обврски на компаниите во врска со заштитата на податоците на корисниците. Законите на Европската унија донесени во мај 2018 година значително ги заострија критериумите за заштита на личните податоци.
Адвокатката Мелиса Бреке забележува дека политиката за приватност на FaceApp е генеричка, што остава дополнителен простор за загриженост. Дури и кога поднесувате барање за бришење податоци, честопати компанијата технички не е во можност да ги отстрани.