Ако сте утре во Скопје, заобиколувајте ги овие улици

ИЗВОРСкопје24
|

Ако за празникот Илинден останувате во главниот град, ви препорачуваме да бидете трпеливи.

Поради церемониите кои ги организира градот од 09 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што за сообраќај ќе биде затворен потегот од крстосницата помеѓу улицата „11-ти Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата помеѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрија Чуповски“ и од крстосницата помеѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Македонија“, улицата „Филип Втори Македонски“ до улицата „Кеј 13-ти Ноември“.

Исто така утре во времето од 05,00 до 14,00 часот на улицата „Беласица“ и од 14,00 до 18,00 часот на улицата „Самоилова“ (виадукт кај стоковна куќа Мост) во Скопје, во организација на Друштво за филмска продукција „Фокус Покус Филмс“ од Скопје, ќе се снима филм, поради што Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.