Внуката на Наум Петрески наполни 6 месеци – Цела е на мама Анастасија и дедо (ФОТО)

|

Македонските фолк пејачи Анастасија Петреска и Владимир Поповски пред речиси една година се венчаа, а пред 6 месеци станаа и горди родители на малата Андреа.

Тие често објавуваат фотографии од нивните приватни и работни ангажмани, но овој пат објави и од нивната прекрасна ќерка.

Двајцата се пофалија дека 6-месечното девојче личи на мама, па погледнете и сами одлучете:

Иако се тазе родители, тие пред некое време отидоа и на заслижен одмор, каде згодната мама го покажа своето тело само неколку месеци по раѓањето на својата принцеза, и мора да признаете изгледа одлично.

Во прв план тогаш не беше малата Андреа, туку тато и мама и нејзиното раскошно издание во црвеното бикини.

За тато Владимир нема пауза од музика, а за Анастасија кариерата и музиката веројатно уште малку ќе почекаат додека малата принцеза има најголема потреба од мама.