Унапредување за еден знак, нова љубов и многу среќа за друг – Месечен хороскоп за август 2019

ИЗВОРСкопје24
|

Месечниот хороскоп за август 2019 година донесува значајни промени кога станува збор за работата.

Овен

Работа – Месецот ви носи можност за побрзо и поефикасно довршување на обврските што ви заостанале. Ве очекува подобрување на работа ако се занимавате со енергетски ресурси, земјоделство и ако имате свој, приватен бизнис. На финансиско поле избегнувајте непромислени потези бидејќи ќе имате потешкотии што доаѓаат ненадејно и неочекувано. Месецот ви носи поволни можности за напредок ако се занимавате со креативна работа или во областа на забавата.

Љубов – Почетокот на месецот ќе ви донесе неочекувани несогласувања со саканата личност и емотивно оддалечување. Кон средината на месецот, во вашата емотивна врска ќе почувствувате поголема забава и задоволство, што ќе придонесе за посилна блискост со саканата личност. Ако сте слободни, ќе ја освоите личноста што долго време ја доживувавте како сродна личност.

Здравје – Подобрување на вашето општо здравје.

Бик

Работа – Ќе успеете да ги пребродите недоразбирањата и нејаснотиите што сте ги имале во односите со клиентите и бизнис партнерите. Ќе се соочите со неочекувани потешкотии во завршната фаза на еден проект, поради што ќе морате да го одложите почетокот на нешто што е планирано како ново. Месецот ќе ви даде можност да го зголемите профитот преку акции на берзата, инвестициски фондови, а посебно ве очекуваат добивки ако се занимавате со осигурување или банкарство.

Љубов – Ве очекуваат несогласувања околу домашните и семејните обврски. Ќе бидете насочени на себеси и партнерот ќе ве критикува дека сте себични. Потребно е да ја подобрите комуникацијата со саканата личност и да разговарате за заеднички планови за да ги пребродите несогласувањата. Потребно ви е и повеќе од забава. Кон средината на месецот ќе внесете повеќе согласување во вашата емотивна врска.

Здравје – Стабилно здравје.

Близнаци

Работа – Ќе успеете постепено да ги надоместите застоите и губитокот што сте го имале во претходниот месец. Обрнете повеќе внимание на информациите бидејќи ќе добиете лажни известувања од непознат извор, со нечија цел да ве измами и да ве оштети финансиски. Ве очекува успех во полето на јавноста, трговијата, комуникацијата и сообраќајот. Ако се занимавате со приватна работа, ќе ја подобрите понудата на вашите услуги што ќе донесе напредок во работата и ќе го зголеми вашиот профит.

Љубов – Комуникацијата со саканата личност ќе се одвива многу подобро. Ќе си се доверувате еден на друг работи што претходно сте ги премолчувале и ќе реализирате блискост. Партнерот ќе биде поотворен кон вас и ќе успеете да се согласите околу повеќето идеи што ќе ги имате околу заедничкото време и активности. Ќе покажете иницијатива за поголема забава. Ќе одите на викенд патување и добро ќе си поминете.

Здравје – Потребна ви е промена на климата, па добро би било да одите на патување.

Рак

Работа – Вашите планови и проекти што сте морале да ги одложите, ќе дојдат на ред за реализација. Вашиот личен настап ќе игра важна улога во развојот на планови за овој месец. Ќе имате неочекувани финансиски потешкотии во односите со еден соработник. Тоа ќе ѝ пречи на вашата соработка, а може да дојде и до губиток. Ако се занимавате во областа на финансиите, како што се банкарство, акции на берза, инвестициски фондови и слично, ве очекува значително зголемување на приходите.

Љубов – Ве очекува стабилен однос со саканата личност. Ќе се посветите на она што претходно сте го запоставувале во претходниот период. Најмногу време и внимание ќе насочите на претходно започнатите заеднички цели. Освен подобрување на вашиот однос, ќе посетите барем едно место на кое сте планирале да патувате. Другата половина на август ви носи подобрена комуникација и многу разговор за сето она што сте сакале да разговарате со партнерот.

Здравје – Избегнувајте подолго изложување на силно сонце и користете крема за заштита.

Лав

Работа – Ќе се соочите со неочекувани несогласувања со надредените, како и потешкотии доколку работите во областите на високата технологија, архитектурата, дизајнот или електрониката. Ќе реализирате напредок во проектите каде вашата креативност игра важна улога. Ќе ги продолжите преговорите со странските бизнис партнери што сте морале да ги одложите во претходниот месец. Ќе имате нови и продуктивни идеи што ќе почнете да ги разработувате, а може да ви донесат профит и напредок во кариерата.

Љубов – Ќе успеете да ги надоместите заедничките моменти и активности што ги одложувавте. Ќе почувствувате силна потреба да разговарате со партнерот, ќе му ги кажете грижите и ќе покажете иницијатива. Кон средината на август ќе успеете да се усогласите со саканата личност за да ги пребродите личните спротивности што го попречуваа усогласувањето во вашата врска.

Здравје – Стабилно здравје, но под услов редовно да одмарате и да не претерувате.

Девица

Работа – Почетокот на месецот ќе ви овозможи да ги подобрите односите со соработниците што во претходниот период беа во застој. Ќе ги разрешите несогласувањата што сте ги имале на тоа поле. Ќе успеете да ги набавите неопходните средства што ви недостигале да ги завршите приоритетните работи. Ќе имате добивки и ќе ја зголемите вашата заработка. Ќе реализирате напредок во преговорите зад затворени врати каде ќе склопите договори.

Љубов – Повеќе време ќе поминувате во вашиот дом и ќе го посветите вниманието на саканата личност и на членовите од потесното семејство. Во договор со партнерот ќе го разубавите заедничкиот дом со купување нешто ново. Ако сте слободни, личноста со која привремено се гледате ќе ви признае дека е заљубена во вас, но проблемот е тоа што оваа личност не е слободна, односно е во врска или брак.

Здравје – Повеќе движење и физички вежби.

Вага

Работа – Ќе успеете да почнете важни работни задачи што заостанале и што ве забавувале во минатиот период. Ќе почнете со подготовки и за нови проекти што претходно сте ги планирале, но сте ги одложиле. Ќе посветите повеќе време на заедничките обврски, тимската работа и соработниците. Ќе реализирате напредок, а најмногу успех ќе имате во областа на комуникациите, сообраќајот и трговијата. Ќе ги продолжете со договорите што на кратко беа прекинати.

Љубов – Повеќе излегувања, забава и дружење со заедничките пријатели. Ќе ви одговара тоа што со саканата личност ќе организирате викенд патувања или заеднички одмор. Потребни ви се повеќе заеднички активности за кои ќе имате иницијатива и предлози што партнерот ќе ги прифати со задоволство. Другата половина на август ќе ви донесе повеќе заеднички интимни моменти. Ќе најдете начин повеќе време да поминувате насамо со партнерот.

Здравје – Исхраната треба да содржи лесна храна. Намалете го внесот на месо и секој ден јадете јајца.

Скорпија

Работа – Ќе ги завршите сите обврски и конечно ќе можете да земете одмор, доколку тоа не сте го направиле. Ќе ви се даде можност и да продолжите со преговорите за трговија со странски партнери. Ќе имате потешкотии во односите со еден од бизнис партнерите. Ќе имате тешки клиенти што ќе бараат премногу. Среќните околности ќе ви олеснат да реализирате напредок во развојот на важни проекти, а тоа позитивно ќе се одрази на вашата финансиска состојба.

Љубов – Ќе имате одлични моменти со партнерот. Ќе си давате искрени емоции и поддршка во многу работи. Вашиот однос ќе напредува повеќе отколку што сте можеле да очекувате. Втората половина на август е погодна за заедничко патување, дружење со пријателите, излегувања на места што и двајцата сакате да ги посетувате и повеќе забава.

Здравје – Контролирајте го крвниот притисок, ќе има тенденција да биде зголемен.

Стрелец

Работа – Ќе излезете од финансиските тешкотии што ве притискаа во текот на претходниот месец. Некои долгови што ве блокираа ќе почнете да ги исплаќате и да реализирате напредок за тоа што ви е моментално приоритетно. Ако немате план да одите на одмор, ќе бидете во можност да се запишете на курс за специјализација или да ги продолжите преговорите со странски партнер. Ќе добиете поддршка од надредените за реализација на вашите предлози.

Љубов – Ќе ви биде полесно да се договарате со партнерот и ќе успеете да ги решите повеќето недоразбирања што ви пречеа во вашата врска во изминатиот период. Ќе уживате во заедничкото време. Ако сте слободни, ново познанство може да се случи во текот на патувањето. Ќе се родат симпатии и брзо ќе почнете да излегувате.

Здравје – Внимавајте на стресот.

Јарец

Работа – Месецот ќе ви овозможи да ги подобрите вашите јавни односи како и да ги продолжите договорите со бизнис партнерите. Ќе постигнете успешни договори и ќе го забрза одвивањето на актуелните работни задачи. Избегнувајте влегување во ризик од финансиски тип бидејќи може да се ви се случи да се соочите со голем губиток. Ќе имате плодни идеи за подобрувањето на финансиската состојба и ќе почнете да се организирате за да ги спроведете во дело.

Љубов – Ќе внесете нови активности во вашиот однос со саканата личност. Ќе успеете да се договорите околу многу работи и ќе бидете отворени на предлозите на вашиот партнер, а и вие ќе покажете иницијатива. Ќе бидете во можност да реализирате една претходно планирана заедничка цел што ќе ви значи и на двајцата и која ќе внесе повеќе радост во вашата врска.

Здравје – Практикувајте секојдневна психофизичка релаксација.

Водолија

Работа – Ќе дојде до реализација на плановите и ќе почнете да закрепнувате од застојот. Ќе наидете на тешкотии доколку работите во области како градежништво, електронска индустрија и слично. Ќе почнете нови преговори околу можноста за склопување нови договори. Уште на самиот почеток ќе имате поволни резултати. Невработените водолии ќе имаат најголеми шанси да се вработат во областите од угостителството, јавноста, правните и административните професии.

Љубов – Ќе имате нови моменти во вашата емотивна врска. Ќе се чувствувате посебно бидејќи вашата сакана личност ќе ви дава многу внимание. Ќе си подарувате искрени чувства и ќе си ги исполнувате желбите. Ако сте слободни, ќе уживате во патувањата со пријателите и добро ќе се забавувате. Моментално не сакате никаква авантура или сериозна врска.

Здравје – Лоша циркулација.

Риби

Работа – Месецот ќе ви овозможи да се ослободите од креативната блокада со која се соочувавте во претходниот период. Ве очекува поголем успех во работата. Можно е унапредување или преместување на работното место каде ве очекува подобра плата и подобри услови. Дури и ќе добиете ветување од раководството на компанијата да имате трпение додека не се решат некои ситници, за подоцна да го извршат вашиот трансфер.

Љубов – Ве очекува подобра комуникација и реализирање на напредокот во односите со партнерот уште од почетокот на август. Ќе успеете да се согласите во врска со некои работи и заеднички планови и цели. Ќе покажете поголема иницијатива за поминување време заедно, што ќе ви одговара и на двајцата. Ако сте слободни, овој месец ќе ставите крај на сите поранешни врски, иако некој од минатото постојано се обидува да се обидете повторно.

Здравје – Потребен ви е витамин Б.