Пејачот Шабан Шаулиќ животот го загуби во сообраќајна несреќа во февруари во Германија кога во неговиот автомобил удри друг автомобил.
По пет месеци од заминувањето на кралот на народната музика, јавниот обвинител во Билфелд поднесе тужба против Турчинот Левента Алсина која ја предизвика сообраќајката, а тој наскоро ќе мора да одговара.
Во тужбата стои дека Левент на денот на несреќата возел без возачка дозвола и бил во алкохолизирана состојба.
Во страшната сообраќајка единствено што успеал да се спаси е кумот на Шабан, Слободан Боби Стојадиновиќ кој се уште оздравува од несреќата.
Алсин кој три месеци поминал во притвор, неговиот адвокат тврди дека сега живее во страв бидејќи неговиот клиент добива закани.
„Мојот клиент доби закани преку интернет“ тврди изворот.
Кумот на Шабан не сакал многу да ја коментира тужбата против Турчинот. Тој за курир.рс изјавил дека се уште не започнал со рехабилитација бидејќи организмот не му е подготвен за потполно оздравување.
По повод тужбата која била поднесена против Турчинот, се огласи и семејството Шаулиќ.
„Имаме доверба против во правниот систем на Германија и очекуваме дека човекот кој ја предизвика несреќата на Шабан и Мирсада и нанесе тешки повреди на Бобан Стојадиновиќ ќе биде соодветно казнен. Нашиот татко и сопруг нема да биде вратен, но очекуваме дека правдата ќе биде задоволена“ порача ПР службата на семејството Шаулиќ.