Сончево и многу топло време со максимални температури и над 40 степени, најавува УХМР за наредните денови.
Под влијание на многу топла воздушна маса следува период на претежно сончево време со пораст на температурата. Особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога на места максималните температури ќе достигнат 41 степен.
И метеорологот Славчо Попоски со слична прогноза – МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ПОДГОТВИ, не очекува ДОЛГ И ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран
Почнувајќи некаде од среда нашата територија и официјално ќе биде под влијание на најтоплиот бран ова лето кога температурите на воздухот ќе бележат тенденција на константен и голем пораст и истите веќе за време од следниот викенд речиси насекаде ќе се искачуваат над 35 степени додека пак во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат и над 40 степени, во најтоплите региони од државава за време на овој ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ АФРИЧКИ бран очекуваме температурите на воздухот да се искачат и над 42 степени.
Исто така МНОГУ ВИСОК ќе биде и УВ ИНДЕКСОТ и истиот ќе изнесува 9 па така за време на овој бран големи жештини на граѓаните ги советуваме и предупредуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да пијат што повеќе течности, ЗАДОЛЖИТЕЛНО за време на најсилното сонце и во најтоплиот дел од денот со себе да се носи заштитна опрема (капа и наочари за сонце).
Токму оваа ситуација односно силниот топлотен Афрички бран е поради силниот циклон кој овие денови ќе се развие над северот од Европа, токму ова ќе услови слободно од јужните географски широчини кон нашите предели од Европа да пробива МНОГУ ТОПОЛ воздух. Поради зголемената влажност во воздухот особено навечер и наутро очекуваме и позначителна спарина и мачнина. Времето за време на овој бран ќе биде претежно стабилно, суво и сончево без врнежи, повремено со умерена локална облачност.