Јапонски изум против земјотреси: Куќа што „лебди“ над земјата (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Јапонски инженери изработија куќа што се поткрева, односно речиси лебди над земјата, во случај на земјотрес. Откако потресот ќе помине, основите на објектот повторно се спуштаат.

Оваа технологија своите зачетоци ги имала уште минатото десетлетие, но дури по силниот земјотрес во 2011 година, конструкторите на компанијата „Ер даншин системс“ почнале со поконкретните зафати.

Системот работи на начин што, и при најмал потрес, по сигнал од сензорите, специјалните балони кај темелите за неколку секунди се дуваат и ја поткреваат куќата нагоре. Кога потресот ќе заврши, куќата бавно се спушта во првобитната положба, во рамката што е прикрепена за земјата точно под рабовите на објектот.

Во овој миг во Јапонија веќе се изградени над 100 вакви зданија.