Продолжениот празничен викенд и богатата културно-забавна
програма ја наполнија охридската ривиера со домашни и странски посетители од сите генерации, а еден од најпосетените настани беше и традиционалниот Green Beach Фестивал кој се одржа во Струга на 1 и 2 август, одбележуваќи го своето 10-то, јубилејно издание.
Со одлична програма, Green Beach Фестивал го привлече вниманието на илјадници љубители на добриот звук, а посетителите имаа можност помеѓу одличната забава и неколкучасовното играње, да се опуштат и да ги наполнат батериите за следниот сет во Тиго зоната, но и да учествуваат во Натпреварот #Тукаетиго.
Преку партнерството со Пасворд Продакшн, Тиго Фајнанс ги потврдува своите заложби за промоција и поддршка за создавање и одржување квалитетни содржини за младите во доменот на музичката уметност и културата. Партнерството продолжува и за претстојните Таксират и Skopje Beer Fest, а посетителите можат да очекуваат бројни квалитетни содржини и уште многу изненадувања.
До услугите на Тиго Фајнанс клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од 23-те филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата
апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 20 илјади денари е со 0% каматна стапка.
Тиго е член на Асоцијацијата на финансиски друштва, чии членови со потпишувањето на Кодексот за добра пракса и формално се обврзуваат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите.
Целосната фотогалерија од настанот е достапна на следниот линк: