Планирам да пријавам дека сум ограбена, ова во краткиот телефонски разговор за Телма го рече скопската пензионерка Лилјана Тодоровска на чија сметка пристигнале 720 илјади евра од ГП Пелистер на Силјан Мицевски, а веднаш по вадењето на пари од банка, кесата со евра и е земена од претставници на Меѓународниот сојуз Скопје на Боки 13. Иако Тодоровска уште во четвртокот преку Телма објави дека парите и се земени и украдени освен неколку илјади евра за кредит на банката, до денеска ниту една надлежна институција не ја побарала за распит. Не ја контактирал ниту некој од меѓуанродниопт сојуз Скопје иако таа ги посочи дека и ги зеле парите веднаш по подигањето во банка.
Поради тоа пензионерката која добила 720 илјади евра за идејата за центри за возрасни лица денеска ни изјави дека ќе пријави грабеж или во полиција или во обвинителството. Од обвинителството не ни одговорија директно дали парите и изјавата на Тодоровски ќе станат дел од истрагата за Рекетот.
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет презема истражни дејствија за утврдување на фактите и кривичната одговорност. Притоа, се следат сите информации што во врска со предметот ги објавуваат медиумите. Доколку во текот на истрагата бидат утврдени елементи на други кривични дела или други сторители, постапката ќе биде проширена“, велат од обвинителството.
Спорните 720 илјади евра по уплатата на сметка на пензионерката биле замрзнати од обвинителството и финансиската полиција, но по истрагата биле ослободени затоа што сите инволвирани тврделе дека станува збор за надежен проект со пензионерски домови. За таа транскација никогаш не биле известени полициските служби во МВР кои гонат организиран криминал и корупција. Еден од спомнатите Боки 13 е во притвор за случајот Рекет заедно со Зоран Милески Кичеец, а двајцата ќе останат во Шутка и ќе бидат распитани дури откако обвинителката Вилма Рускоска ќе се врати од одмор. На одмор е и колешката на Рускоска, Катица Јанева, а досега никој не презеде соодветни истражни мерки за специјалната обвинителка или пак во СЈО иако сведокот за рекетот е Орце Камчев, осомничен во предметот на СЈО Империја.
Миомир Серафиновиќ