Правосмукалка, телефон, фрижидер: Како изумите кои ни ги променија животите изгледале кога се појавиле

ИЗВОРСкопје24
|

За само неколку години, мобилните телефони минале пат од направи со големина на цигла, на која и се потребни 10 часа да се наполни, до компактни телефони со камери, кредитни картички, компјутери, конзоли за видео игри…Компјутерите напредувале од справи кои заземаат цели соби, до такви кои ни ги собира во раката.

Домашната електроника како правосмулаки или машини за перење исто така ја искористила предноста на напредокот во технологијата.

Ова се некои од револуцинерните изуми кои преживеале целосна трансформација од настанувањето.

Микроскоп


Не е познато кој прв го открил микроскопот, но тој се појавил околу 1590-тите години со многу малку од особините кои ги има денес.

Фрижидер


Пред електричните фрижидери, ледените кутии биле правени од дрво и полнети со коцки мраз. Материјалите кои биле користени за направата од 1835-та година да остане студена вклучуваат цинк и морска трева.

Телефон


Александар Грахам Бел го патентирал телефонот во 1892-ра година. Почетниот дизајн вклучувал и предавател, кој ги претворал вибрациите од глас во електрична струја.

Правосмукалка


Првата правосмулака ја направил Хјуберт Сецил Бут во 1901-ва година. Тој не вовелкувал прашина, туку разнесувал компресиран воздух.

Машина за перење


Алва Џон Фишер ја осмислил електричната машина за перење алишта во 1908-ма година. Го добила името “Тор”.

Телевизор


Првиот телевизор наречен “Октагон” се појавил во 1928-ма година. Пред да се пресели во дневните соби ширум светот, емитувал само едно шоу – “Гласник на Кралицата”.

Микробранова


Микробрановата настанала случајно кога инженерот Перси Ле Барон Спенсер тестирал мегатрони, па открил дека микробрановите произведуваат радијација. Околу нив ставил метална кутија и настанала првата микробранова печка.

Компјутер


Првиот електричен дигитален компјутер заземал цела соба. ENIAC бил направен во 1946-та година и чинел 400.000 долари.

Сателит


Советскиот Сојуз го лансирал првиот сателит, “Sputinik I” во 1957-ма година. Тој имал големина на топка за плажа и ја обиколил Земјата за 98 минути.

Мобилен телефон


Моторола развила мобилен телефон во 1973-та година. Тој имал големина на цигла и потребни му биле 10 часа да се наполни.

Веб сајт


Првиот сајт бил објавен во 1991-ва година и содржел информации за проектот “World Wide Web”.