Скопјани сакаат улици што ќе ги носат имињата на Горан Стефановски, Есма, Тоше Проески, Ванчо Петрушевски…

ИЗВОРСкопје24
|

Постои голем интерес кај скопјани за анкетата на Град Скопје за прибирање предлози за нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти). Анкетата беше објавена на 29 јули годинава, а ќе биде отворена до 18 овој месец.

НАЈЧЕСТИТЕ ПРЕДЛОЗИ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ЛИЧНОСТИ КОИ ПРИДОНЕЛЕ ЗА АФИРМАЦИЈА НА ДРЖАВАТА И ГЛАВНИОТ ГРАД, КАКО ГОРАН СТЕФАНОВСКИ, ЕСМА, ТОШЕ ПРОЕСКИ, ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ…

Предложените имиња од граѓаните ќе ги разгледува Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје која има за задача да ја состави листата на имиња во согласност со одредбите на овој Закон.

При составувањето на оваа листа Комисијата ќе води грижа за застапеноста на предлог имињата кои означуваат личности и настани од значење за историјата, културата и науката на граѓаните кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.