На лотарија добил 200.000 евра, но не може да ги земе поради една бизарна причина

ИЗВОРСкопје24
|

Во хрватско гратче со 14.500 жители се зборува дека еден од нив станал милионер, но никој не знае кој.

Добитното ливче било уплатено во единственото уплатно место во гратчето Иванец, меѓутоа среќниот добитник се уште не се јавил.

Мнозинството од мештаните не знаат кој би можел да биде победникот. Само со жалење велат дека им е жал што тоа не се тие.

Некои пак тврдат дека идентитетот на новопечениот милионер е познат, пишува РТЛ.

И тие се фрлија во потрагата по среќникот кој со 70 куни успеал да освои еден и пол милион куни или нешто повеќе од 200.000 евра.

Многумина да се на негово место веднаш би дале отказ, меѓутоа неговите сограѓани велат дека тој се уште оди на работа. За пошироката јавност, секако, тој не сакал да го открие својот идентитет.

Што чека?
РТЛ открива зошто тој се уште не успеал да го подигне добитното ливче. Имено, тој мисли дека го изгубил своето уплатно ливче, односно се уште не може да пронајде каде го ставил.

На прашањето како знае дека тој е победникот, тој одговорил дека со години ги игра истите броеви кои се паднале. Поточно, истата комбинација ја уплаќал цели 17 години.

Но, секако, додека нема ливче, нема и победник…