Изминатиот викенд во Босна и Херцеговина се случи свадбата на финалистот од „Ѕвездите на Гранд“, Ахмед Ораховчиќ и неговата избраничка Амела.
Свадбената веселба се одржа во еден ресторан, а на свадбата меѓу многуте гости присуствуваше и неговиот пријател и конкурент во „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравковски.
Огнен и Ахмед се запознаа во шоуто, а беа и во иста група кај менторката Марија Шерифовиќ.
Пријателството очигледно го негуваат и по натпреварот, па Огнен не го пропушти големиот ден на својот пријател.
На социјалните мрежи Огнен сподели неколку фотографии од атмосферата и јавно му честиташе на Ахмед и неговата невеста.
Освен Огнен на свадбата беше и минатогодишниот победник во популарното шоу Анид Чушиќ, кој им пееше на младите.
Откако Огнен сподели како се забавувал во Босна, следбениците и фановите му порачаа и кај него набрзо да се игра на свадба.
Извор: vistina.mk