Откриено е кој ќе го наследи имотот од мајката на Јелена Карлеуша

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша долго време беше во болка и голема тага откако дозна дека нејзината мајка повеќе ја нема.

А како што пренесе „Ало“, нејзиниот тестамент ги изненади сите. Имено, според извори блиски до семејството на Карлеуша, Дивна решила куќата да им ја препише на ќерките на пејачката, Ника и Атина Тошиќ, бидејќи и додека била жива цело време зборувала дека сакала нејзините внуки да бидат наследнички, бидејќи беше врзана за нив.

„Таа сметаше дека Јелена и Душко се имаат доволно обезбедено сами за себе за цел живот, па во материјална смисла ништо не и е потребно“ додава изворот за српскиот таблоид „Ало“.

Инаку, Јелена откако дозна за нејзината мајка ја скрати косата и тогаш ги изненади сите со својата фризура. Таа личеше на Дивна во моментите кога одеше на хемотерапија и се бореше со тешката болест. И откако помина неколку месеци во болка и тага за својата мајка, Јелена повторно се врати на своите обврски и да го прави она што најдобро го знае.

Познатата пејачка кратка коса имаше и во 1997 година, кога голем хит и беше песната „Кој ја режира оваа драма?“.

Таа очигледно сакаше со овој чекор да и оддаде почит на својата мајка и на овој начин да ја искаже својата тага, а на почетокот многу нејзини пријатели беа загрижени како пејачката ќе закрепне од ваквиот животен удар. Но не помина ни половина година, а Карлеуша повторно е онаа старата, полна со енергија и секогаш спремна за луда забава.