Температури до 42 степени, исто така за време на овој најсилен топлотен бран годинава во најтоплите региони истите има услови да се искачат и над 42 степени. Таква е ситуацијата околу временската состојба која не очекува од денес па се до поголемиот дел од наредната недела.
Предизвикувачот на овој најсилен топлотен бран ова лето кај нас е силниот циклонски систем кој од Атлантикот ќе се премести над Велика Британија и над северот од Европскиот Континент и истиот ќе услови токму во овие делови силни врнежи и олуен ветер.
Кај нас пак се очекува сосема спротивното, стабилно, суво и сончево без врнежи со исклучок на петок кога локално ќе имаме зголемена облачност, инаку овој силен топлотен бран ќе услови зголемена опасност од пожари кај нас. Токму поради ова се препорачува да не се пали скара и оган на отворено односно во природа.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност и ќе изнесува 9па така на граѓаните ги советуваме да не претстојуваат долго време на силното сончево зрачење и да пијат многу повеќе течности, исто така хронично болните во периодот од 10 до 17 часот ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ да не излегуваат на силното сонце и ОПАСНИОТ УВ ИНДЕКС.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ