За припрема на овој рецепт не ви е потребно многу време, но ни пари. Полнетите солени палачинки се многу вкусни, а еве како да ги припремите.
За припрема на тестото е потребно: 300 мл. млеко, 2 јајца, 100 гр. брашно, масло за пржење и малку сол. За филот пак потребно е: 100 гр. сирење, 100 гр. шунка и 1 лажичка павлака. За преливот: 1 јајце, 1 лажичка кисела павлака, малку млеко и малку кашкавал.
Начин на подготовка: 1.Изматете ги јајцата, додадете малку сол, млекото, брашното и малку масло и потоа добро промешајте. Пржете ги палачинките во тефлонска тава.
2.Во сад, измешајте го сирењето, шунката и павлаката. 3.Со вака подготвениот фил наполнете ги палачинките, свиткајте ги и наредете ги во тепсија, претходно премачкана со масло или обложена со хартија. 4.Изматете го јајцето со павлаката и млекото и прелијте ги палачинките, а врз нив наредете малку рендан кашкавал.
5.Печете на 200 Целзиусови степени околу 30 минути, додека палачинките не добијат златножолта боја.