ЊУ ЈОРК/СКОПЈЕ, – Август 7, 2019 – Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy Note10, нова линија на премиум смартфони коja комбинира елегантен дизајн со моќни перформанси и продуктивни алатки за да им помогнат на корисниците да го искористат секој момент. Инспириран од генерација која ја спојува работата и приватниот живот, Galaxy Note10 овозможува слобода и можност за изразување на својата креативност, остварување на своите цели и правење на она кое го сакаат – каде и да се наоѓаат. „Од самиот почеток, Galaxy Note ги има најдобрите технологии и карактеристики и по тоа е препознаен од своите корисници кои го имаат за да ја зголемат продуктивноста и креативноста на повисоко ниво и без напор да ги реализираат своите идеи,“, изјави DJ Koh, Претседател и CEO нa IT & Mobile Communications Division, Samsung Electronics. „Секој елемент од Galaxy Note10 е дизајниран за да им помогне на корисниците да постигнат повеќе.
Без разлика дали завршуваат голем проект на работа, снимаат или уредуваат видео, или пак ги играат своите омилени игри на мобилниот телефон.“ ИНОВАТИВЕН ДИЗАЈН ЗА ПРЕМИУМ ИСКУСТВО Корисниците на Galaxy Note ја ценат моќта на софистицираниот дизајн и искуството кое го нуди при користењето. Секој елемент од Galaxy Note10 е скроен да биде елегантен и тенок за корисниците да можат да го посветат своето целосно внимание на идеите, проектите и содржините кои најмногу им значат. За прв пат, Galaxy Note10 доаѓа во две големини, за корисниците да ја одберат онаа што најмногу им одговара. Galaxy Note10 доаѓа и со S Pen и Cinematic Infinity display од 6,3 инчи додека Galaxy Note10+ доаѓа со најголемиот Note Cinematic Infinity display до сега, од 6,8 инчи. Екранот на Galaxy Note10 е најдобриот кој Samsung го има создадено. Раб-до-раб дизајн: Раб-до-раб Cinematic Infinity екранот на Galaxy Note10 се простира од раб до раб и e скоро без рамки, додека исечокот за предната камера во самиот екран е толку мал и центриран што има совршено балансиран дизајн. Екран со најдобар квалитет: Galaxy Note10 го краси високо наградуваниот Dynamic AMOLED екран со HDR10+ сертификатот и динамично пресликување на тоновите, кој ги прави сликите и видеата појасни отколку кај претходните Note уреди и истите имаат зачудувачки широк опсег на бои. Galaxy Note10 екранот е верифициран од UL поради 98% униформност на бојата и осветленоста. Eye Comfort екранот го намалува зрачењето на сината светлина без да влијае на квалитетот на бојата за попријатно искуство во гледањето 1 .
НАДГРАДЕНА ПРОДУКТИВНОСТ ЗА МАКСИМИЗАЦИЈА НА СЕКОЈ МОМЕНТ Корисниците на Note секогаш ја ценат својата продуктивност и го гледаат својот телефон како суштински дел од животот кој им помага во постигнување на подобри резултати. За тие корисници, Galaxy Note10 има нови технологии, надградени можности и моќни интеграции, сè за да им овозможи поголема слобода и продуктивност во работата. Од Рачно пишување до Текст: Galaxy Note10 носи нова моќна способност во ре-дизајнираниот S Pen. Сега, корисниците може да прават инстантни белешки, рачното пишување да се претвори во дигитален текст во Samsung Notes, како и да се експортира во многу различни формати, вклучувајќи го и Microsoft Word. Тие можат да бидат прилагодени, намалени, зголемени или да им се смени бојата на текстот. Еволуцијата на S Pen: Galaxy Note10 се потпира на Bluetooth S Pen која троши малку енергија. Таа има Air actions додаток, кој овозможува одредени функции на уредот да се контролираат со гестикулации. Со отворањето на Air actions SDK, програмерите можат да креираат прилагодени контроли кои им овозможуваат на корисниците да играат игри или да ги користат своите омилени апликации со гестикулации. Samsung DeX за PC 2 : Galaxy Note10 ги зголемува можностите на Samsung DeX, правејќи го полесен за користење за оние кои работат на својот телефон и PC или Mac. Со едноставно УСБ поврзување, корисниците можат да ги префрлаат документите помеѓу уредите и да ги користат своите омилени мобилни апликации со маус и тастатура, додека во исто време нивните податоци се безбедни на самиот телефон преку Samsung Knox. Линк со Windows: Galaxy Note10 го интегрира линкот со Windows директно во Quick Panel-от. Со само еден клик, корисниците можат да се поврзат со нивниот Windows 10 PC. Таму, тие може да ги гледаат самите известувања, да праќаат и добиваат пораки и да разгледуваат неодамнешни фотографии без потреба од паузи за да погледнат кон својот телефон.
ПРОФЕСИОНАЛНА КАМЕРА НАМЕНЕТА ЗА КРЕАТИВЦИТЕ Со Galaxy Note10, креаторите на содржини и секојдневните корисници можат да ги користат најсовремените алатки за да прават фантастични видеа и фотографии, што придонесува кон тоа нивните канали, приказни и објави да бидат различни. Со комбинација на напредна визуелна технологија и софтвер, Galaxy Note10 ја воздигнува мобилната видеографија и фотографија на повисоко ниво. Премиум Видео Технологија: Galaxy Note10 им овозможува на корисниците да снимаат видео на професионално ниво без притоа да носат со себе дополнителна екстра опрема. Live focus video дава можност за прилагодувања на длабочината на камерата, со кое што може да се замати позадината со цел да се фокусира субјектот. Zoom-In Mic го зголемува аудиото во самата рамка и ја отргнува бучавата од позадината помагајќи го фокусирањето кон потребниот звук. И за да се отстранат тресењата кои обично ги заматуваат видеата со акција, новата и надградена Super steady опција ја стабилизира снимката, која сега е достапна со Hyperlapse модот. Брзо и лесно уредување на видеа: Во моментот кога ќе го снимат видеото, корисниците на Galaxy Note10 може да го уредат веднаш и во движење, од самиот телефон. Video editor може да се користи со S Pen, па наместо да се селектира или уреди клип, корисниците можат прецизно да изберат момент кој сакаат да го исечат. За креаторите на кои им треба повеќе контрола врз нивните снимки, Adobe Rush 3 на Galaxy Note10 обезбедува софистициран пакет на алатки за уредување видеа, сега уште попрецизни со S Pen. Снимач на екран: За гејмерите кои сакаат малку повеќе “личност” во своите стримови, или влогерите кои сакаат да ги подобрат своите туторијали, Galaxy Note10 го претставува Screen recorder. Лесно може да се фати што е на екранот, да се искористи слика-во-слика за додатни реакции и да се користи S Pen за прибележување или објаснување додека се снима за позабавно и повеќе ангажирачко видео. AR Doodle и 3D Скенер: Galaxy Note10 ги интегрира најдобрите AR и 3D способности во една камера. Заедно со Ултра Широката камера, уредот отвора нов медиум за креаторите. Со AR Doodle, користејќи го S Pen се персонализираат фотографиите со динамични цртежи, ефекти и анимации кои ја следат самата слика. И со 3D Scanner 4 -от, ново и првично отритие за Note, DepthVision камерата на Galaxy Note10+ може да скенира цел објект 5 и веднаш да го претвори во движечки 3D рендер. Ноќен Мод: Луѓето прават многу селфи фотографии во средини со мало ниво на светлост – за време на вечера, на концерти или додека уживаат во зајдисонцето. Night Mode, сега достапен на предната камера, им овозможува на корисниците да направат прекрасни селфи фотографии без разлика колку се темни условите.
НЕВЕРОЈАТНИ ПЕРФОРМАНСИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ СО ВИСОКИ БАРАЊА Фановите на Note ги користат своите телефони скоро за сѐ – не само за надминување на секојдневни обврски, туку и за остварување на големи проекти: водење на бизнис, уредување на видео за своите канали на социјалните медиуми, креирање на прекрасни илустрации со S Pen. За да им помогне да направат сè, Galaxy Note10 е опремен со врвен хардвер и најнапредни функции. Супер брзо полнење: Со замо 30 минути полнење, Galaxy Note10+ може да издржи цел ден 6 со 45W-ната можност за жично полнење 7 . Wireless PowerShare 8 : Wireless PowerShare доаѓа кај Note-от. Корисниците сега може безжично да ги наполнат своите Galaxy Watch, Galaxy Buds, или другите уреди со Qi сертификат. Gaming: Како мобилните игри бараат повеќе процесирање и се побогати во однос на графиката, најдоброто гејминг искуство бара најдобри спецификации. Vapor Chamber, најтенкиот систем за ладење, испорачува оптимални перформанси за време на играње додека во исто време самиот уред е тенок и елегантен. Со Game Booster базиран на Вештачка интелигенција, Galaxy Note10 ги оптимизира перформансите и користењето на батеријата зависно од самата игра. И со PlayGalaxy Link P2P стриминг сервисот, корисниците можат да продолжат таму каде што застанале на PC играта и да продолжат со играње во движење без потреба од локално складирање на податоци. Хипер-брзи Брзини: Со LTE и 5G опциите, корисниците на Note10 може да уживаат во најголемите брзини на работа. Galaxy Note10+ 5G го користи целосниот потенцијал на мрежата на наредната генерација за брз стриминг на видео со висока резолуција, симнување на содржини со хипер брзини и стриминг на игри со висока графика во реално време.
ПОРТАЛ ВО ЕКОСИСТЕМОТ НА GALAXY Galaxy Note10 е во срцето на Galaxy екосистемот, пакет на премиум производи и сервиси кои овозможуваат поголема порврзаност и вмрежаност на корисниците. Носечките уреди како Galaxy Watch Active 2 и таблетите како Galaxy Tab S6 ги држат корисниците поврзани и им помагаат да завршат повеќе додека се во движење. Надградба на овие производи се услугите на Samsung кои им овозможуваат на корисниците поврзано и погодно Galaxу искуство. Samsung Pay овозможува брзи и сигурни опции за плаќање. Samsung Health им помага на корисниците да ги достигнат своите здравствени и велнес цели преку лесно следење и мониторинг на резултатите. Samsung Knox ги штити податоците. Bixby, интелигентната платформа на Samsung, овозможува интегрирана поддршка за да го направат вашиот живот полесен, подобро организиран и уште повеќе поврзан.
Достапност на Galaxy Note10
Galaxy Note10 ќе бидат достапни во Аура Сјајна, Аура Розовата и Аура Црна боја, Galaxy Note10+ ќе бидат
достапни во Аура Сјајна, Аура Бела и Аура Црна од 23ти август. За повеќе информации за Galaxy Note10,
посетете ја news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com или
www.samsung.com/global/galaxy/galaxy-note10.