Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор.
Надоместок ви следува за следните трошоци:
1 Дневници за службени патувања во земјата (8% од основицата)
2 Дневници за службени патувања во странство во согланост со уредбата за издатоци за службен пат и селидби во странство
3 Теренски додаток доколку работите на терен (сместување, исхрана и слично)
4 Надомест за одвоен живот од семејството утврден во колективниот договор, но не помалку од 60% од основицата.
5 Ако користите сопствен автомобил ви следува надоместок од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат км
Законски надоместоци:
-Доколку се селите за потребите на работата, трошоците ги покрива работодавачот
-Регрес за годишен одмор или к-15 во висина од најмалку 40% од основицата
Покрај надоместоците наведени нагоре, на работникот му се исплатува надоместок и:
-Во случај на потешки последици од елементарна непогода, на работникот му следува надомест во висина од една основица
-За непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување на работникот му следува надоместок во висина на една основица
-За 10 години работа кај истиот работодавач, на работникот му се исплатува јубилејна награда во висина на основицата
-При заминување во пензија на работникот му следува најмалку двократен износ на основицата
Основицата за пресметување на надоместоците на работниците е всушност просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија која е исплатена во последните 3 месеци.