Ќерката на Еминем ја знаеме од песните кои и ги посветил: Малата Хејли пораснала и станала зависна од фитнес! Еве како изгледа, а дели и совети за исхрана

ИЗВОРСкопје24
|

Со години раперот Еминем гледал на својата ќерка Хејли како на муза и во неа пронаоѓал инспирација за своите песни од кои најпознати се “Hailies Song”, “My dads gone crazy” и други, во кои се зборува за нивниот однос.

Сега малата Хејли има 23 години и повеќе не е детето кое го памтиме.

Таа на својот профил на Инстаграм објавува фотографии на кои се фали со своето извајано тело додека се забавува на фестивал. Тие стомачни не се појавиле таму туку-така, а таа за себе вели дека е фитнес фанатик кој постојано документира навики со здравјето и вежбањето.

Во видео снимките таа покажува како прави вежби и кои се нејзините омилени справи во теретана. За појадок јаде 4 белки, парче сирење, две парчиња пржена сланина и крофна. Јаде и боровники, јагоди и малини а гледа и да избегнува шеќер.