Земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтеровата скала беше регистриран денеска во југозападниот турски округ Денизли. Според локални медиуми, на кои се повикуваат светските новински агенции, во земјотресот се урнати повеќе објекти во кои имало луѓе. Спасувачки тимови веднаш излегле на терен и успеале од урнатините да извлечат повеќе лица кои веднаш биле пренесени во болница, објавија локалните медиуми.
Епицентарот на земјотресот бил во реонот на градот Бозкурт, на длаобочина од седум километри. Се уште нема официјални информации за бројот на повредени и евентуално загинати луѓе.
Денеска беше регистран земјотрес и во округот Измир, со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала.
Пред два дена земјотрес беше регистриран и во близина на Ростуше во Западна Македонија. Земјотресот со јачина од 2.5 степени бил со епицентар на 4 км источно од Ростуше. Потресот бил на длабочина од 27 км.
Инаку пред само неколку дена два земјотреси за краток временски период беа регистирани во Албанија. Првиот со јачина од 4.4 степени според Рихтер, на длабочина од 10километри, 124км од главниот град на Албанија, Тирана, додека вториот нешто послаб со јачина од 3.4 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 5 км, 127 километри од Тирана, истите беа послабо почувстувани во Охрид и Струга.
Земјата на овие простори веќе одреден период не престанува да се тресе, а со оглед на тоа што истите се чувстуваат и во Македонија, поточно во градовите каде што туристичката сезона е во полн ек, туристите се вознемирени и дел од одморот го поминуваат во страв од повторен потрес.