Не го фрлајте стариот леб: Рецепт за мусака која ќе ја обожавате

ИЗВОРСкопје24
|

Мусаката од компири им е позната на сите, а она што многумина не го знаат е дека и од стар, речиси бајат леб можат да направат еднакво феноменална мусака.

СОСТОЈКИ: 300 гр шунка, 200 гр кисела павлака, масло, 1 пиперка, бибер, зачин, 2 јајца, 200 гр сирење, стар леб на парчиња, 1 домат, 3 чешниња лук и малку кашкавал.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Отстранете ја кората од лебот. На масло пропржете сечкан праз и пиперка па додајте на коцки исечкана шунка, лук, зачин, бибер и домат. Во тоа додајте сирење и едно јајце.

На дно на плех ставете хартија за печење, па наредете парчиња леб едно до друго. Од горе ставете го целиот фил, па повторно ставете парчиња леб.

Во чинија скршете го останатото јајце па додајте павлака и малку млеко и со тоа прелијте ја мусаката и од горе изрендајте малку кашкавал. Печете на 200 степени околу 40-45 минути. Добар апетит!

Полнети солени палачинки: Брз и едноставен рецепт кој ќе ги задоволи сите сетила

За припрема на овој рецепт не ви е потребно многу време, но ни пари. Полнетите солени палачинки се многу вкусни, а еве како да ги припремите.

За припрема на тестото е потребно: 300 мл. млеко, 2 јајца, 100 гр. брашно, масло за пржење и малку сол. За филот пак потребно е: 100 гр. сирење, 100 гр. шунка и 1 лажичка павлака. За преливот: 1 јајце, 1 лажичка кисела павлака, малку млеко и малку кашкавал.

Начин на подготовка: 1.Изматете ги јајцата, додадете малку сол, млекото, брашното и малку масло и потоа добро промешајте. Пржете ги палачинките во тефлонска тава.

2.Во сад, измешајте го сирењето, шунката и павлаката. 3.Со вака подготвениот фил наполнете ги палачинките, свиткајте ги и наредете ги во тепсија, претходно премачкана со масло или обложена со хартија. 4.Изматете го јајцето со павлаката и млекото и прелијте ги палачинките, а врз нив наредете малку рендан кашкавал.

5.Печете на 200 Целзиусови степени околу 30 минути, додека палачинките не добијат златножолта боја.