Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со зголемена облачност во текот на денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9
Утринската температура ќе се движи од 16 до 23 степени, а дневната температура од 31 до 40 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со зголемена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9. Утринската температура ќе достигне до 21 степени, а дневната температура до 38 степени.
Потоа до среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење.